Кутијата за накит можеби ви стои подалеку од кујната, но токму во кујната се наоѓаат состојките кои ќе ви помогнат да го исчистите вашиот сребрен и златен накит.

Потемнувањето и различните дамки што знаат со текот на времето да се појават, може да ги отстраните со неколку лесни движења, користејќи крпа, по употребата на домашните трикови.

Во продолжение ви ја откриваме листата на состојки кои ќе ви бидат потребни за домашниот трик, благодарение на кој ќе станете експерт во чистењето и ќе го обновите вашиот омилен накит, од обетките до прстените. Тие повторно ќе заблескаат како нови, исто како првиот пат кога ги купивте.

Како да го исчистите златото

Свадбениот накит и бурмите постојано се носат и затоа тие најбрзо потемнуваат: Тоа се должи на фактот што тие најмногу се изложени од влијанието на агресивната средина т.е средствата за чистење, себумот, потта, прашината и оштетувањата од случајни гребнатини. За нивно обновување, ќе ви помогнат следните домашни состојки

1. Сол

Разредете 5 супени лажици во една чаша вода. Потопете го златото во течноста и оставете го да отстои во текот на целиот ден или целата ноќ. Следниот ден исплакнете со чиста вода и избришајте го накитот со мека крпа.

2. Шеќер

Потопете го златото во слатка вода, приготвена со додавање на 3 кафени лажици шеќер во една чаша вода. Подобро е шеќерот да го растворите во топла вода и да ја оставите смесата да се излади. Таквата кисела средина ќе го исчисти накитот, при што тој ќе заблеска буквално преку ноќ.

3. Оцет

Ова е еден од најлесните начини: Едноставно избришајте го златото со оцет, работа која ќе ви одземе 5 минути. Потоа исплакнете и исуштете го истото.

4. Средство за садови

Во мал сад со капацитет до 1 литар, ставете вода и средство за садови, додадете го и накитот и оставете да се вари дополнителни 15 минути. На крај исплакнете го и избришете го накитот.

Како да го исчистите среброто

Висококвалитетното сребро, како и белото злато секогаш треба да се даде на професионалец за да се исчисти, но среброто со понизок квалитет лесно може да го исчистите и во домашни услов, а еве и како.

1. Средство за садови

Овој метод се смета за најдобриот, кога станува збор за чистењето на среброто. Исто како и со златото, потребно е во вода да растворите 1 кафена лажица од средството, да го потопите накитот и да варите 10-15 минути. Потоа детално и внимателно се поминува површината на накитот со четка.

2. Сок од лимон со амонијак

Потребно е да растворите 1 кафена лажица сок од лимон и 1 кафена лажица амонијак во 1 чаша вода. Потопете го накитот во растворот за само 1 минута, а потоа извадете и пребришајте го истиот.

3. Неприготвени компири

Ефектот од овој начин ќе биде подеднакво блескав како со трикот од сокот од лимон и амонијакот.

Едноставно е потребно накитот да го потопите во изрендан компир, а потоа да поминете преку површината на среброто со четка, користејќи нежни движења.