Зборот „рак“ со право предизвикува трепет во срцата на луѓето шурум светот. Иконски фигури како сер Тери Воган, Дејвид Боуви и Алан Римкан  го напуштија овој свет токму поради таа болест. Но, промената во начинот на живеење би можела да спречи 40 отсто од канцерогените заболувања, тврди еден експерт.

Медицинскиот новинар Ана Маги октрива осум начини како да го намалите ризикот, и еве се накратко нејзините совети.

1. Ослабете

Експертите се согласни дека преголемата тежина е директно поврзани со канцерогените заболувања, особено со стомачните канцери.

2. Држете се до една чаша на вечер

Пиењето алкохол исто така се поврзува со ризикот од заболување од рак. „Ризикот од рак започнува дури и со мали количества алкохол, затоа најдобро да се држите до една чаша на вечер“, вели еден професор. „Алкохолот е етанол кој се метаболизира во супстанца наречена ацеталдехид која телото тешко ја обработува. Високото ниво на алкохол предизвикува дехидрација што клетките ги прави многу ранливи.“

3. Конзумирајте јогурт

Јогуртот ја одржува цревната флора, која е од витално значење за здравјето на организмот, а производите како јогурт и кефир се многу добри за одржување на истата.

4. Напијте се аспирин

Познато е дека мали повремени дози аспирин помагаат во спречување на срцеви болести. Но, најновите истражувања покажуваат дека исто така би можел да спречи и рак на дебелото црево и други видови стомачен канцер.

5. Маринирајте го месото

Со истражувањата на Европската студија за исхраната и ракот се покажало дека црвеното месо е поврзано со повисок ризик за развој на цревни канцери. Ова најмногу се должи на хетероцикличните амини кои се формираат кога месото се готви на високи температури. Но, истражувачи од Државниот универзитет на Канзас откриле дека маринирањето на месото со зачини како розмарин, оригано, босилек и сл. го намалуваат процентот на хетероцикличните амини.

6. Растителни влакна

Повеќе растителни влакна, и повеќе овошје и зеленчук (пет порции дневно) може да помогне да се спречат 14 различни видови рак.

7. Заштитете се од штетните УВ зраци

Користете производи за заштита од сонцето, а кога е многу жешко, најдобро е да се засолните на ладовина. Покрај тоа, колку што е можно покријте го телото со лесна облека која ги одбива сончевите зраци. Интересно е тоа што научниците откриле дека сините и црвените ткаенини претставуваат подобра заштита од белите или жолтите.

8. Почнете да се движите

Активниот живот го подобрува нивото на хормони кои помагаат во налаувањето на ризикот за развој на најразлични видови канцерогени заболувања, затоа не наоѓајте изговори, туку почнете со некаква физичка активност за да бидете поздрави.