Среќата е чувство кое секое човечко суштество сака да го доживее. Биологијата исто така игра улога во тоа и постои начин да се добие хормонот на среќата.

Постојат четири хормони кои ги поврзуваме со радост, добро расположение и среќа: допамин, серотонин, окситоцин и ендорфин.

1. Допамин – хормон за наградување

Допаминот е неопходен за да се исполнат нашите краткорочни и долгорочни цели. Кога во нашето тело имаме ниски нивоа на допамин, најчесто се јавуваат некои од овие состојби: постојана тага, несоница и слаб квалитет на спиење, летаргија, депресија, губење на апетит, недостаток на сексуална желба, желба за кофеин и никотин, недостаток на емпатија .

Покрај тоа, допаминот исто така се смета за хормон за награда. Имено, за да се чувствувате добро, треба редовно да го наградувате вашиот мозок. Добро е да започнете со мали нешта, како пречкртување на завршени задачи од список, без разлика дали станува збор за успех во бизнисот, вежбање или нешто друго. Откако ќе ги пречкртате извршените задачи, ќе се чувствувате добро и ова ќе го стимулира лачењето на допамин во мозокот.

2. Серотонин – стабилизатор на расположение

Студиите покажаа врска помеѓу серотонинот и коските, производство на мајчино млеко, регенерација на црн дроб и клеточна делба. Кога немаме доволно од него, се јавува синдром на недостаток на серотонин, кој носи со себе одредени последици, а најтешката е секако депресија.

Според истражувањето на клиниката Мајо, колку е помало нивото на серотонин во нашето тело, толку се поголеми шансите за развој на клиничка депресија.
Интересно е што серотонинот се наоѓа и во желудникот, а според извештајот од студијата за додатоци на витамини, доколку тој недостасува, дигестивниот систем станува многу чувствителен и подложен на дигестивни проблеми и вируси.

За да се спречи сето ова, постојат неколку едноставни трикови, и сите тие се целосно бесплатни.

Првото нешто што можете да направите е да одите на прошетка и да ги зграбите зраците на сонцето. Дури 15 минутно изложување на сонце ќе ги започне процесите за производство на серотонин. Можете исто така да возите велосипед или да се обидете да одвоите 10 минути за себе и да медитирате.

3. Окситоцин – хормон на љубовта

Окситоцин се произведува во хипоталамусот. Кога неговото ниво е задоволително, ние чувствуваме љубов и среќа.

Љбовта е чувство без кое човечкото суштество не може да преживее. Не мора да биде љубов кон партнерот, важна е и родителската, детската, љубовта кон домашните миленици или пријателите.
Окситоцинот исто така познат како љубовен хормон, тој игра голема улога во создавањето на врски помеѓу поединци, важен е за поврзување и чувството на блискост што се создава во љубовта, пријателството и семејните односи.

Луѓето кои се осамени и кои немаат можност да прегрнат некого, честопати се видливо лошо расположени, а имаат и големи шанси да развијат клиничка депресија. Точно е дека пријателите нема да дојдат преку ноќ, ниту пак ќе падне прекрасна врска од небото, но вие секогаш можете да се прегрнете себеси. Ова ќе ви помогне да се чувствувате безбедно и сакано. На крајот на краиштата, прво треба себе да се сакате, нели?

4. Ендорфин – природен аналгетик

Ендорфинот е познат и како природен аналгетик, односно е молекула која го потиснува чувството на болка. Неговиот ефект, велат научниците, е сличен на дејството на опијатите.

Ендорфинот е исто така хормон на еуфорија и може да се развие во сосема спротивни ситуации: за време на тивок одмор и грижа за себе, но исто така и за време на екстремно стресни ситуации. Благодарение на овој хормон, едно лице во состојба на стрес не може да почувствува дури и многу силна болка. Тој е тој што не турка напред и прави да се чувствуваме скоро натчовечки силно.

Се излачува за време на физичка активност, од спорт до сексуален однос, па затоа психотерапевтите често предлагаат каква било форма на спорт, дури и само прошетка, за да му помогнат на лицето да се справи со депресивните епизоди.