Ароматичнот магдонос е чудесен додаток и декорација на многу вкусни јадења, а со започнувањето на летото, нашето тело бара во дневното мени  да го додадеме токму овој зеленчук.

И тоа не бесцелно, туку бидејќи токму во летната сезона на нашиот организам му се потребни повеќе голем број незаменливи аминокиселини, витамин А и фолна киселина, односно токму елементите со кои е богат магдоносот.

Дополнително, магдоносот го регулира крвниот притисок, го подобрува видот, го зголемува хемоглобинот и е моќно средство за слабеење, бидејќи истиот ефикасно ги согорува масните наслаги и го елиминира вишокот на течности во организамот.

Домашен напиток од магдонос за моќно слабеење

Потребни состојки

  • 5 супени лажици исечен магдонос
  • 1 литар вода

Начин на подготовка и употреба

Полејте го магдоносот со водата и поставете ја смесата да се вари 20 минути. Консумирајте го добиениот напиток во текот на денот. Користете го напитокот не повеќе од 5 дена, а ова време ќе биде доволно, магдоносот да ги извлече токсините од вашиот организам.