Дури и завесите да се најубавите и да мирисаат и изгледаат свежо и чисто, сето нема да помогне, доколку самите прозорци се валкани, особено доколку на дограмата се наталожиле масни и наслаги од прашина.

Токму за оваа цел, денес со вас споделуваме еден неверојатно лесен и едноставен трик кој ќе ви помогне брзо да ја исчистите дограмата и вашите прозорци повторно да заблескаат.

Како брзо и лесно да ја исчистите дограмата

Ќе ви биде потребно

  • Сода бикарбона
  • Водороден пероксид т.е хидроген

Начин на употреба

Нанесете сода бикарбона врз масната и валкана зона, а потоа наполнете со малку хидроген, за да добиете каша со средна густина.

Почекајте 2-3 минути, а потоа исчистете ја смесата со салфетка. За секунда ќе ги добиете посакуваните резулати- блескава дограма, која изгледа како нова.