Дали сте подготвени за вашата следна авантура, но не сте сигурни која дестинација да ја одберете? Следете ги ѕвездите! Во продолжение пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте каде тој ве води!

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

1. Овен: Алјаска

За авантуристичкиот Овен кој бара возбуда и адреналин, потребна му е уникатна дестинација која ќе го воодушеви! Аурора Бореалис, пештери, студени темепратури, скокање со јаже, ја прави Алјаска совршениот избор за овој хороскопски знак.

2. Бик: Брегот на Амалфи, Италија

Префинето вино и многу вкусна храна, за љубителот на луксузот и комфорот, азурниот шарм на Италија ќе биде идиличниот сон за спонтаниот Бик.

3. Близнаци: Њујорк, САД

Родените во знакот на Близнаци сакаат кога имаат многу опции, можности за социјална интеракција, места за истражување, па затоа Големото Јаболко, градот кој никогаш не спие е вистинското место за овие луѓе.

4. Рак: Големиот Корален Гребен, Австралија

Иако Ракот ја преферира својата комфорна зона и сака да се чувствува безбедно, по цена на златните сончеви зраци би излегле од својата школка.

5. Лав: Бали, Индонезија

Лавовите сакаат место каде што ќе се чувствуваат кралски и неверојатно гламурозни! А зарем има посовршена дестинација од Бали за екстравагантните луѓе родени во овој хороскопски знак?

6. Девица: Мачу Пикчу, Перу

Покрај величествениот поглед, неверојатната еколошка средина, за љубителите на природата како што се Девиците, овој скапоцен камен во Перу е како создаден за овие луѓе.

7. Вага: Речните брегови на Сена, Париз

Патување во Париз? Зарем има нешто поромантично? Градот на Светлината е совршената дестинација за луѓето родени во знакот на Вага, бидејќи највеќе од се, уживаат во прекрасните убавини што ги нуди светот.

8. Шкорпија: Лос Анџелес, Калифорнија

На страствените и енергични Шкорпии им е потребна подеднаква енергична дестинација која ќе го разубди нивното љубопитство. Градот на Ангелите кој има сè, од карпести планини, до песочни плажи, холивудски ѕвезди и гламур, е идеалната дестинаација за Шкорпијата.

9. Стрелец: Ангкор Ват, Камбоџа

Поттикнати постојано да истражуваат, привлечени од филозифијата, мистеријата и античките култури, хиндуистичкото божество би бил рајот за мудриот Стрелец.

10. Јарец: Велигденскиот Остров, Чиле

Родените во знакот на Јарцот премногу вложуваат труд и напор во секојдневниот живот, па затоа ним им е потребен вистински одмор при кој ќе ги наполнат батериите. Смирувачки и релаксирачки, Велигденскиот Остров е одличен избор за овие луѓе.

11. Водолија: Јапонија

На секогаш оригиналната Водолија потребно и запознавање со нов свет, дестинација подеднкво ексцентрична како и самата таа, па затоа футуристичката Јапонија е извонреден избор!

12. Риби: Исланд

Величествените глечери, сините лагуни и средовековните карпи ќе го освојат срцето на Рибите. Исланд со неговата вечна убавина е дестинација што родените во овој знак задолжително треба барем еднаш во својот живот да ја посетат.