Практикувајте го овој едноставен домашен третман во временски период од 1 недела и ќе биде изненадени од свежиот и беспрекорен изглед на вашето лице.

Потребни состојки

  • Лимон
  • Шеќер
  • Куркума
  • Домат

Начин на подготовка

Измешајте 1 супена лажица шеќер со половина кафена лажица куркума, а потоа потопете половина лимон во добиената  смеса. Добро притиснете го истиот, за да шеќерот се залепи за лимонот.

Сега со лимонот истријте го вашето лице, притоа лесно притискајте го лимонот, за да излезе неговиот природен сок. Продолжете да ја правите процедурата 5 минути, а потоа исплакнете со чиста вода.

Следно бришајте го лицето со коцки лед, дополнителни 2 минути.

Сега измешајте шеќер и сок од лимон, потопете половина домат во добиената смеса и бришајте го лицето со истиот дополнителни 5 минути, а потоа измијте со чиста вода.

Зошто е ефикасен овој домашен третман

Лимоните се богати со витамин Ц и лимонска киселина, при што истите може да ви помогнат да ги стесните вашите пори и да ја осветлите кожата, доколку редовно го практикувате домашниот третман.

Тие исто така се неверојатно ефикасни во лекувањето на белези од акни, како и на темните кругови под очите.

Шеќерот може да биде многу ефикасен за отстранување на знаците на старост и симптомите како проширените пори.