Каде е кучето? Кутре со бушаво црно крзно е експерт за камуфлажа

Сопственичка на куче требала убаво да погледне низ станот во потрага по нејзиниот миленик, пред да сфати дека тој едноставно толку добро се камуфлирал во неговиот кревет што не можел да се види.

Корисничката на Твитер, Џесика Бланкеншип, која живе во Сан Франциско, сподели фотографија од три месечно милениче со симпатичен изглед кое цврсто спие  на кревет што изгледа идентично на неговото кадраво црно крзно.

Таа  за фотографијата вели: „Не е шега, јас само што поминав 20 секунди барајќи го по соба“.

Кучето, за кое се смета дека е лабрадолд, спие во кревет кој припаѓал на куче кое Џесика го чувала во минатото, па можеби и не случајно слаткиот бушавко по име Супер Ханс го одбра токму тоа креветче.

 

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *