Летото полека доаѓа и се прашувате како да изгубите тежина за кратко време? Во Америка се појави нов тренд, наречен „јогурт-диета“, а е создаден од фитнес експертот Џини Меј во соработка со група нутриционисти.

Оваа диета ја пробале многу познати личности како моделите Кортни Кокс, Дејвид Аркет и супермоделите на Викторија Сикрет. Истата може да ја држите 3, 7 или 14 дена, во зависност од вашите потреби.

„Мастите го произведуваат хормонот кортизол, што негативно влијае врз гладот. Кога консумирате јогурт, калциумот од истиот испраќа порака до клетките за да се елиминира кортизолот. Исто така, аминокиселините помагаат во брзо согорување на маснотиите, па затоа многу брзо се губат вишокот килограми.“- вел нутриционистот Мајкл Земел.

Исхраната со јогурт се нарекува и „диета на вработените“ затоа што е лесна за одржување, секогаш дава ефект и не одема многу време. Појадокот и вечерата се јадат дома, а ужината ја носите со вас на работа. Исто така, оваа диета е одличен избор ако сакате да изгубите само неколку килограми – земате сè што му е потребно на вашето тело, полни сте со енергија и килограмите се едноставно се топат.

Секој ден е неопходно да консумирате обичен или овошен јогурт кој лесно се вари. Дозволено е сахарин и хербални инфузии како чај и кафе.

Пример за дневно мени

Појадок

Шолја кафе засладена со сахарин, лажичка пченични снегулки и обичен јогурт ниска масленост

Утринска ужина:

Овошен јогурт

Ручек

Имате три јадења од кои можете да изберете: Две домати полнети со печурки и ориз, лосос печен на скара или во рерна со зеленчук или печен компир, или зелена салата со домати, пченка и грашок.

Десерт

Во сад измешајте два јогурти со ниска масленост, додадете јагоди и грозје.

Вечера

Обичен јогурт со сецкано свежо овошје.

Експертите не ја препорачуваат оваа диета на лица со висок холестерол или камења во бубрезите поради високата содржина на калциум и фосфор. Тие исто така истакнуваат дека оваа диета може најмногу да се држи само две недели.