За неговото уникатно откритие, јапонскиот биолог Јошинори Осуми доби Нобелова награда, а методот за отстранување на токсините од организамот на човекот, доби највисоки оценки.

Според Јошинори, телото може да се прочисти од токсини, па дури и да се подмлади со гладување.

Откритието на јапонскиот биолог се заснова на механизмит на процесот наречен автофагија- процес на рециклирање на непотребните делови од клетките.

Овој процес бил откриен уште во 60-те години на минатиот век, но научниците не успеале целосно да ја осознаат ползата и функцијата на истиот. Благодарение на автофагијата, клетката целосно и ефикасно може да ги елиминира токсините, а клеточната структура да се обнови и подмлади.

При процесот на автофагија исто така се создаваат и нови клетки, а се забавува процесот на стареење.

Биологот Осуми успеа да докаже дека процесот е неверојатно ефикасен, а станува збор за еднодневно гладување за прочистување на целиот организам.