Речиси секоја дама на било која возраст фантазира за волуменозна, густа и блескава коса. На некои им недостасува сјај, на други обем, додека трети знаат да се пожалат дека косата не им расте.

Closeup on young woman applying hair mask

Веќе е докажано дека сите овие проблеми лесно може да се решат на еден многу едноставен начин- со домашни маски за коса, на база на јајце.

Зошто јајцето е корисно за косата?

И жолчките и белките имаат моќен козметички ефект. Јајцата содржат аминокиселини, кои ја спречуваат појавата на првут, а лецитинот ја штити косата од надворешните штетни влијание и притоа ефикасно ја обновува. Јајцата истовремено се одлични и за бојадисаната и оштетена коса, го поттикнуваат нејзиниот раст, благодарение на големото количество витамин Б3 кој го содржат,
Еве кои маски се сметаат за најефикасни:

1. Јајце + млеко

Оваа маска ќе ви помогне да ја навлажните кожата и да ја направите свилена. Измешајте 1 јајце со половина шолја млеко. Одлично би било доколку имате домашно млеко, бидејќи истото го содржи максималното количество витамини и минерали. Нанесете ја маската и оставете ја да отстои 20 минути, а потоа исплакнете.

2. Јајце + банана

Со помош на вилушка, сомелете половина банана и додадете 1 јајце, притоа добро измешајте. Добиената смеса нанесете ја на врвот на косата и оставете да отстои 20-30 минути, а потоа исплакнете. Оваа маска совршено ја потхранува косата, ја зајакнува и со редовна употреба, ја прави двојно погуста.

3. Јајце + коњак + масло за готвење

Измешајте ги овие 3 состојки и редовно употребувајте ја маската, а наскоро ќе забележите дека вашата коса зајакнала и драстично заздравела. Покрај тоа, оваа маска ќе ја обнови и бојата на вашата коса, истакнувајќи ја уште повеќе и ќе ја поттикне косата побрзо да расте.

4. Јајце + сок од лимон

Маската со јајце и лимон е идеална за дамите со светла коса, кои ја имаат изгубено својата боја на коса, како и нејзиниот сјај. За да ја освежите вашата коса и да го обновите нејзиното здравје, измешајте 1 јајце заедно со сок од 1 исцеден лимон. Нанесете ја маската, оставете да остои, следно измијте и воодушевете се од добиениот резултат.

За дамите со темна коса, наместо сок од лимон, се препорачува да се измеша јајце со 3 супени лажици кафеав шеќер.