Гинисовата книга на рекорди официјално потврди дека Кејн Танака од Јапонија е најстарата личност на светот со нејзините 116 години. И после толку многу години, Кане успева да биде среќна и да ужива секој ден, а во продолжение прочитајте ги нејзините совети на кои е благодарна за долгиот живот.

Родена е на 2-ри Јануари, 1903-та година. Била седмото дете во семејството, а подоцна се омажила за бизнисменот Хидео Танака и имале 5 деца. Нејзиниот сопруг бил повикан да служи во војска, а таа го превземала бизнисот и истиот го водела до нејзината 63-та година.

Сега, најстарата жена ги споделува нејзините тајни за успешна и среќна долговечност:

1. Станувајте рано!

Кејн секој ден се буди рано наутро, околу 6 часот, подготвена да го извлече најдоброто од целиот ден пред неа.

2. Негувајте го умот!

Таа и после еден век, вели дека човекот мора да го развива својот мозок, а нејзините омилени активности се читање и решавање математички задачи.

3. Останете активни и социјализирајте се!

Кејн е лидер во своето друштво кога станува збор за друштвените игри!

4. Јадете многу чоколада и пијте многу кафе!

Да, добро прочитавте! И кога ја прогласувале за најстара личност, на церемонијата и подариле кутија со чоколади, за која не чекала многу и уште таму ја отворила.

Кејн истовремено се заблагодарува на нејзиното семејство. А нејзината најважна тајна која сакала да ја сподели е: Не губете надеж без разлика на се! Секогаш трудете се повеќе и повеќе!