Светско познатата актерка Џована Антонели, која му стана омилена на цел свет, по толкувањето на легендарната улога на Жаде, од телевизиската хит серија „Клон“, денес изгледа неверојатно.

Џована неодамна реши да ја промени својата боја на коса и стана русокоса.

Но, пред само неколку дена, славната актерка ги послуша своите обожаватели и ја промени бојата во чоколадна нијанса.

По објавувањето на фотографијата, пристигнаа лавина од позитивни коментари и воодушевувања, можеби затоа што токму во улогата на Жаде, актерката блескаше со потемна коса.