Грижата за нашите омилени електрични уреди без кои не можеме да го замислиме секојдневието е од клучна важност за нивната функционалност и долг рок на траење.

Еден од уредите за кои најмногу треба да се грижиме е самата пегла. Порано или подоцна секоја пегла ја намалува својата функционалноста, а тоа се должи на нејзиното затнување со рѓа и саѓи. Тоа ќе придонесе истата да започне да остава траги на вашата облека при пеглањето.

За таа цел, денес ви откриваме еден неверојатно лесен трик како да ја исчистите вашата пегла одвнатре.

Како да ја исчистите пеглата одвнатре

Потребни состојки

  • Лимонска киселина
  • Топла вода
  • Четка за заби

Што е потребно да направите

Најпрво треба да го подготвите прочистувачкото средство. За таа цел, полејте ја лимонската киселина со врела вода. Оставете ја истата да отстои така одредено време, притоа измешајте ги добро состојките, до целосно растворање на киселината. Со ова, домашното средство за чистење ќе биде готово!

Не постојат строги пропорции кои треба да ги примените за неговата подготовка. Може да употребите 2 супени лажици на половина литар вода.

Следно, вклучете ја пеглата и оставете ја да се загрее што е можно повеќе. Откако индикаторот за топлина ќе се исклучи, исклучете ја и пеглата и наполнете ја одозгора со лимонската вода. Вообичаено, доволни ќе бидат 300 милилитри од течноста.

Повторно вклучете ја пеглата и повторно оставете ја да се загрее до максимум, а потоа оставете ја малку затоплена.

Потоа земете сад со вода и започнете, со држење на пеглата над истиот, да го притискате копчето за пареа, како и копчето за прскање. За кратко ќе забележите како одвратен вид на супстанца од рѓа ќе започне да излегува од пеглата. Дури и самото количество ќе ве изненади. Повторете ја процедурата неколку пати, притоа миејќи го долниот дел на пеглата со четка за заби.

Следно, прочистете ја пеглата со обична вода. За таа цел, наполнете ја пеглата до максималниот обем. Повторете го процесот со пареата, додека водата која истекнува не стане бистра.