Легендарната Коко Шанел често претпочитала да повторува дека негуваните раце треба да бидат истакнат квалитет на секоја дама.

Секоја жена треба да ја негува убавината и здравјето на својата кожа. Но сепак, и покрај тоа, голем број на жени не можат да се пофалат со беспрекорен изглед на нивните нокти.

Но, без грижи, денес со вас споделуваме неколку едноставни, а ефикасни трикови, кои ќе ви помогнат да го вратите нежниот изглед и притоа и да ги зацврстите вашите нокти.

Домашна нега за совршени нокти

1. Лук

Овој совет е особено корисен за оние дами кои ги претпочитаат природните нокти. Сè е потребно е едноставно со лукот да го нанесете со негово триење врз самата плочка на ноктот. Резултатот ќе ве изненади пријатно.

Не плашете се од неговиот непријатен мирис, истиот ќе исчезне веднаш откако ќе ги измиете вашите раце, особено доколку водата ја разредите со сок од лимон. Лимонот содржи огромно количество на витамин Ц, кој од своја страна, исто така има извонреден ефект за состојбата на ноктите.

2. Одмор

Доколку сакате да го поттикнете растот на вашите нокти, притоа истите да ги зајакнете, тогаш потребно е да одвоите време за нивно одмарање. Секогаш правете пауза меѓу лакирањето на ноктите, при што така на овој начин истите ќе одморат.

Покрај тоа, од голема помош ќе ви биде често да правите третмани, поточно домашни купки со сол и неколку капки етерично масло, по ваш избор.

3. Ракавици

За да ја зашитите вашата нежна кожа од разните хемикалии и силните средства за чистење, не заборавајте секогаш претходно да ставите заштитни ракавци.