Да сте во брак со вашиот најдобар пријател звучи како совршена врска. Се познавате многу добро, вашата врска е доволно зрела за отворено да зборувате за вашите најдлабоки чувства и нема проблеми со недоверба. И згора на сè, многу студии го потврдуваат фактот дека бракот меѓу најдобрите пријатели честопати носи големи придобивки.

Луѓето кои ги сметаат своите сопружници за најдобри пријатели се позадоволни од својот живот.

Самиот брак носи многу придобивки за физичкото и менталното здравје. Но, една студија покажа дека луѓето кои се, пред сè, пријатели со нивниот партнер добиваат двојно повеќе од овие придобивки.

Нивниот брак трае подолго.

Истражувачите ги прашале паровите кои биле во среќен брак над 15 години, која е причината број еден за успехот и долговечноста во нивната врска. Најчестиот одговор меѓу учесниците бил дека нивниот партнер е исто така нивен најдобар пријател.

Тие се посреќни во текот на целиот живот.

Пријателите се важни за среќата. Но, воспоставувањето длабоко пријателство со вашиот партнер не само што ви овозможува да извлечете најголема радост и среќа, туку исто така е заслужно за емоционално, физичко и психолошко здравје и долговечност.

Брачните другари  кои се најдобри пријатели се подобри партнери.

Истражувањата покажаа дека односите  засновани на пријателство, удобност, чувство на приврзаност и заеднички интереси  носат повеќе среќа отколку оние засновани на страсна љубов.