Основните препораки на СЗО за заштита од коронавирусот остануваат исти: Не излегувајте надвор непотребно, мијте ги рацете со сапун и вода колку што почесто возможно 20 секунди.

Доколку немате достапни сапун и вода, третирајте ги вашите раце со антисептик. А сега, истакнатиот руски лекар д-р Евгениј Комаровски споделува еден многу едноставен рецепт за подгоготовка на моќен антисептик за раце, во домашни услови.

Моќен домашен антисептик за раце

Потребни состојки

  • 240 мл алкохол
  • 15 мл хидроген 3%
  • 5 мл глицерин
  • 60 мл вода

Начин на подготовка

Исипете го алкохолот во сад. Користете шприц, за да го измерите неопходното количество на хидроген и потоа истиот додадете го кон алкохолот. Следно, додадете го и глицеринот, кој ќе ја заштити кожата од сушење. Последна исипете ја водата.

Брзо и добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа складирајте ги во целосно затворен сад.

Ова домашно средство за е соодветно и за обработка на секој тип на површини во домот, како клучевите, далечинското, кваките и слично.