По повод нивната дијамантска годишница, овој пар се врати во истата црква, каде пред 75 години, во текот на Втората светска војна, се заколна на вечна љубов, а сега повторно го направи истото!

95-годишниот Џим Ричардсон и неговата сопруга, 94-годишната Ирен, од Ланкашир, се запознале на игранка, кога тој имал 20 години, а таа 19.

Сè уште паметат дека било Среда, денот кога се запознале, а било точно 12-ти Април, 1944-та година и Втората светска војна била во тек.

За време на едно нивно романтично возење со велосипеди, Џим застанал, клекнал на едно колено и ја запросил својата вистинска љубов, Ирен.

Сега пензионираниот пар- и двајцата се фармери, веруваат дека го имаат најдолгиот брак во цел Ланкашир, а нивната љубов ја крунисале со 4 деца.

Џим отсекогаш тагувал бидејќи не и се доволно заблагодарил на својата покојна мајка за време на неговиот првичен свадбен говор, па затоа внуката на парот, Сандра Тејлор, ја испланирала церемонијата за обновување на заветите, за да може нејиниот дедо да и оддаде чест на својата мајка.

75 години подоцна, стариот пар се врати на истото место, во истата црква за да ги обноват нивните брачни завети.

За време на настанот, парот стоел на истото место и точно во 14 часот ги обновиле своите завети, токму како што направиле на истиот ден и во истото време, пред 75 години.

„Беше прекрасно. Организиравме фотографи да го документираат секој нив неверојатен момент. А тие беа премногу возбудени, најверојатно исто како и првиот пат!“– изјавила нивната внука Сандра, која стои зад романтичниот план.

Џим воедно ја исполнил и својата долгогодишна желба и за време на церемонијата и се заблагодарил преку емотивен говор на својата покојна мајка.