Светот би бил поубаво место кога навистина родовата еднаковст не би била само напишан закон, туку и реалност, а стигмата и стереотипите околу истата би биле успешно срушени. Една компанија веќе ги презема работите во свои раце.

Кога мажите би можеле навистина да се стават во кожата на жените или барем улогите да се сменат, би виделе свет во кој жените се доминантен род, го имаат главниот збор во науката и уметноста, а мажите би ги одгледувале своите деца.

Ова се обиде да го докаже компанијата, иронично наречан “Mажот што има се” (анг. Man who has it all), дизајнирајќи маици во чии предни натписи го потенцира сексизмот со кој секојдневно се соочуваат сите жени ширум светот, па дури и кај нас.

Дизајнот е се состои во тоа што нацртана е слика која опишува една професија, а над сликата е напишано за која професија станува збор, притоа, моделите наменети за жени го содржат само зборчето за професијата, а моделите наменети за мажи, го веднаш пред зборот за професијата го создржи зборчето “машки”, со што укажува дека жената во било која професија се смета обичен вработен или работник, додека кога ќе се спомне дека вработениот во одредената професија во е воедно и маж, во светот сè уште постои стереотипот дека автоматски истиот многу подобро ја врши својата професија, попаметен е и далеку повеќе се цени од жената.

Еве како изгледаат модните дизајни, кои за жал, ја прикажуваат реалноста со која сè уште се соочуваат жените на 21-ви век!

1. Женски модел со натпис “Научник” наспроти машки модел со натпис “Машки научник”

2. Женски модел со натпис “Програмер” наспроти машки модел со натпис “Машки програмер”

3. Женски модел со натпис “Професор” наспроти машки модел со натпис “Машки професор”

4. Женски модел со натпис “Политичар” наспроти машки модел со натпис “Машки политичар”

5. Женски модел со натпис “Автор” наспроти машки модел со натпис “Машки автор”

6. Женски модел со натпис “Новинар” наспроти машки модел со натпис “Машки новинар”

7. Женски модел со натпис “Адвокат” наспроти машки модел со натпис “Машки адвокат”

8. Женски модел со натпис “Поет” наспроти машки модел со натпис “Машки поет”

9. Женски модел со натпис “Инженер” наспроти машки модел со натпис “Машки инженер”

10. Женски модел со натпис “Физичар” наспроти машки модел со натпис “Машки физичар”

11. Женски модел со натпис “Архитект” наспроти машки модел со натпис “Машки архитект”