Именките, глаголите, придавките, па дури и брзината со која зборувате може да откријат многу за вашиот карактер. На пример, лѓето кои се дружењубиви имаат поголема веројатност да зборуваат погласно и побрзо. Но постојат и други начини на кои говорот ни открива детали за карактерот на луѓето.

1. Говорот на интровертите има тенденција да биде поапстрактен

Говорот на интроверти и екстроверти е многу различен. Првите сакаат да користат поапстрактни и нејасни зборови, додека вторите се поконкретни со своите термини. На пример, кога некое лице сака да препорача книга, тоа би звучело вака:

Екстровертите би рекле: „Оваа книга е одлична!“
Интровертите би рекле: „Оваа книга е многу информативна“.

2. Интровертите имаат тенденција да користат повеќе зборови

Еве уште едно откритие. Интровертите најчесто користат повеќе зборови за да опишат предмети или настани.

Екстровертите би рекле: „Ајде да земеме храна“.
Интровертите би рекле: „Можеби би можеле да одиме и да земеме хотдог“.

3. Екстровертите сакаат да зборуваат за позитивни теми

Ако интроверти седат заедно во соба и разговараат, постои голема шанса да почнат да зборуваат за решавање проблеми, како на пример: „Треба да ја сменам кујната во мојот нов стан затоа што е премногу стара“

Меѓутоа, кога екстровертите зборуваат едни со други, тие претпочитаат да зборуваат за позитивни теми, како на пример: „Ми се допаѓа големата дневна соба во мојот нов стан“.

4. Луѓето со отворен ум имаат тенденција да искажуваат повеќе емоции

Начинот на кој избирате зборови може да открие колку сте либерални. Луѓето со отворен ум  користат реченици што искажуваат емоции. Ако нивниот колега направил грешка или е вознемирен, тие можат да кажат нешто како: „Не биди тажен. Ти треба да бидеш сослушан“.

5. Анксиозните луѓе имаат тенденција да користат зборови што ја покажуваат нивната емоционална вознемиреност

Анкциозните луѓе имаат тенденција да користат зборови со кои се искажува страв, грижа и вознемиреност. Тие можат да кажат работи за себе, како на пример: „Јас во себе носам огромна тага“. Но и покрај тоа, не брзајте да судите личност која зборува вака. Сите понекогаш се чуствуваме вознемирено и тажно.