Денес живееме во динамично и бурно секојдневние каде сите може да се согласиме дека покрај многуте обврски, проблеми и самиот стрес, најмалку внимание посветуваме на нашето здравје, а со тоа и на здравата исхрана.

Здравата исхрана е клучна за одржување на нашето целокупно здраје и за правилната нега на нашето тело. Но, изборот, купувањето, домашната подготовка, сето тоа одзема време кое многумина од нас поради секојдневниот распоред го немаат, а токму овој уникатен македонски бренд го има совршеното решение за сите нас!

Во продолжение, запознајте се со „Мелем од вкусови“, брендот со генијален концепт кој ни нуди практично решение и лесен пристап до здравата исхрана, а еве за што станува збор:

1. „Мелем од вкусови“, звучи неверојатно вкусна идеја. Како дојдовте до истата?

„Мелем од вкусови“ се развива како идеја неколку години наназад, веројатно кога лично го почувствувавме бенефитот од промената на начинот на исхрана. Со актуелнава ситуација со Ковид 19, кога се виде дека најбитно е здравјето на луѓето, се најдовме две истомисленички и решивме муабетите да ги претвориме во нешто конкретно. Името е асоцијација дека храната е лек за физичко и ментално здравје.

2. Зошто не уште една сендивчара со сочни плескавици?

Целта и идејата е да им овозможиме на луѓето да имаат поголем избор на лесно достапен здрав оброк и да имаат помалку изговори за да се хранат здраво. Затоа ние одлучивме нашите салати да не бидат класични, туку да се вметнат продукти кои порано секојдневно биле присутни во исхраната за ручек и изобилуваат со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го оптоваруваат организмот.

3. Здравите оброци изгледаат супер привлечно сместени во тегла. Што ве инспирираше за дизајнот на вашата идеја?

Како љубители на приородата од голема важност ни е да не ја загадуваме околината и затоа се одлучивме салатите и житните оброци да бидат во тегла, (која што може да се рециклира или реупотребува), а воедно вкусот на истите е далеку подобар затоа што самите состојки се врзуваат поубаво.

4. Каде потрошувачите може да ги пронајдат вашите производи?

Локацијата ни е во трговскиот центар Буњаковец на први кат од задната страна, спроти катната гаража на Бул. Партизански Одреди 29-1/033. Нарачките ги примаме на тел: 075 285 226, со бесплатна достава за Буњаковец, Дебар Маало, Центар, Кисела Вода и Карпош 3.

Воедно, може да ја посетите и Фејсбук страната на брендот.

5. Дали во иднина планирате да го проширите менито и со друг вид на оброци?

Менито ќе се надоградува и подобрува во зависност од барањата на клиентите, меѓутоа приоритетно ни е да се држиме до главната идеја и цел.

6. За крај, што би ги советувале луѓето кога станува збор за исхраната, со оглед на фактот дека живееме во динамично секојдневие?

Одвојте повеќе време за себе и работите што ве прават среќни, а ние ќе се погрижиме да јадете здрави и вкусни оброци.