Секој ден обработуваме 74 GB информации што е еднакво на гледање 16 филмови. Понекогаш може да помислиме дека веќе знаеме сè, па време е да го уништиме ова верување со неверојатни факти за светот околу нас.

1.Повеќето коски се во наши дланки.

Имаме вкупно 206 коски и една четвртина од нив се во наши дланки. Поточно 54 коски. Патем, нашите стапала имаат само 2 коски помалку од дланките. Поточно 52. Значи, дланките и стапалата се всушност половина од нашиот скелет.

2. Клукајдрвците не добиваат повреди на главата поради нивниот јазик.

Клукајдрвците подолго време кршат дрво во потрага по храна, но никогаш немаат главоболка или повреда. Ова се должи на нивниот јазик кој им се обвиткува околу черепот. Тој служи како заштитна обвивка, ги ублажува ударите и ги штити од потрес на мозок.

3. Логото на „Адидас“ порано припаѓало на друга компанија.

Добро познатите 3 ленти на Адидас беа купени за 1600 евра од финска компанија за обувки во 1952 година. Со текот на годините, логото на брендот се смени неколку пати, но секогаш содржеше 3 ленти.

4. Видрите имаат џебови.

Морските видри имаат лабава кожа под предните шепи што создава таканаречен џеб каде што животното може да чува храна. Исто така, видрите честопати кријат камења таму. Тие ги користат како алатка за отварање на школки.

5. Ајкулите се милиони години постари од дрвјата.

Дрвјата, во нивната модерна форма, се појавиле пред околу 360 милиони години. Истражувањата покажуваат дека ајкулите  постоеле околу 420 милиони години.

6. Бебињата немаат колена.

Бебињата имаат парчиња ‘рскавица која им помага да ползат без непријатност и полесно да се прилагодат на одење. Оваа ‘рскавица се развива во капачето на коленото и на возраст од 12 години, таа целосно се претвора во коска.

7. Пеперутките се сеќаваат кога биле гасеници.

Научниците откриле дека пеперутките можат да се сетат на спомени и искуства што ги имале додека биле гасеница. Ова веројатно се случува затоа што некои делови на мозокот не се менуваат за време на трансформацијата од гасеница во пеперутка.

8. Саудиска Арабија купува камили и песок од Австралија.

Можеби изгледа чудно затоа што Саудиска Арабија има многу песок и камили. Но всушност, сите нивни камили се припитомени и тие купуваат диви од Австралија за месо. Тие добиваат и посебен австралиски песок за градба затоа што има уникатни квалитети.

9. Мрзливците можат да го задржат здивот подолго од делфините.

И мрзливците и делфините можат да го задржат здивот со забавување на варењето и отчукувањата на срцето. Но мрзливците можат да преживеат под вода и до 40 минути. Додека кај делфините ова обично трае само до 15 минути.

10.Недостаток на крзно ги тера овците да се борат.

Кога овците се стрижат, тие не се препознаваат едни со други затоа што изгледаат и мирисаат поинаку. Затоа почнуваат да се борат за доминација и покрај тоа што тие имаат добра меморија и можат да паметат лицата со години.