Раните во устата се вообичаени болести кои влијаат на многу луѓе во одреден момент од нивниот живот. Овие рани може да се појават на кое било од меките ткива на устата, вклучувајќи ги и усните, образите, непцата, јазикот и долниот и горен дел на устата.

Најчести причини за инфекција на уста и нивни симптоми

Причини за инфекција на уста

  • Раничка од настинка и температура (Херпес): Се манифестира со црвени, болни меурчиња на усните и во устата. Може да настанат и благи симптоми на настинка, како болки во телото и покачена температура.
  • Анемија: Симптомите се јавуваат кога црвените крвни клетки се толку намалени и оштетени што имате проблеми со транспорт на доволно кислород низ целото тело. Се манифестира бледи непца, студена кожа и проблеми со крвниот притисок.
  • Гингивоматитис: Честа инфекција на устата и непцата, често се забележува кај деца. Се манифестира со рани на непцата или внатрешноста на образите, болка и лигавење при јадење и слични благи симптоми на грип.
  • Инфективната мононуклеоза: Ја предизвикува Епштајн-Баровиот вирус. Се манифестира со отечени лимфни жлезди, воспалено грло, замор, ноќно потење, главоболка.
  • Афтозен стоматитис: Се манифестира со повторено формирање на бенигни и незаразни чирови на устата (афти) кај инаку здрави лица.
  • Недостаток на фолати: Фолатот е важен витамин Б кој се користи за производство на ДНК и е од клучно значење за правилен развој на нервните цевки во ембрионите. Неговиот недостаток се манифестира со рани во устата, оток на јазик, замор и бледа кожа.
  • Орален дрозд: Квасна инфекција што се развива во внатрешноста на устата и на јазикот. Се манифестира со млечно бели ранички на јазикот, внатрешноста на образите, непцата и крајниците, како и отежнато голтање и губење на вкус.
  • Леукоплакија: Предизвикува густи, бели дамки на јазикот и обвивката на устата што можат да бидат подигнати, тврди или да имаат „влакнест“ изглед. Најчесто се јавува кај пушачите.
  • Орални лишаи: Хронично воспалително нарушување кое влијае на непцата, усните, образите и јазикот. Се манифестира со бели или светло црвени, отечени, подигнати дамки на ткивото на устата кои личат на пајажини.
  • Рак: Влијае на усните, образите, забите, непцата, предните две третини од јазикот, горниот и долниот на устата. Се манифестира со чирови, бели или црвени дамки во устата кои не заздравуваат, крварење и слабеење на непцата, болката во увото и отечени лимфни јазли.

Како да ја третирате инфекцијата на устата во домашни услови

Домашен лек за инфекција на уста

За да помогнете во ублажување на болката и забрзување на заздравувањето, практикувајте ги овие совети: Исплакнете ја устата, користејќи солена вода или сода бикарбона (растворете 1 лажичка сода бикарбона во 1/2 чаша топла вода) или пак, нанесете мала количина млеко од магнезија на раничката неколку пати на ден.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за инфекција на уста

Болка во устата што трае повеќе од 10 дена треба да ја прегледа лекар или стоматолог. Изолирани рани во устата кај луѓе кои немаат други симптоми или фактори на ризик за системско заболување, обично се предизвикани од вирусна инфекција или рекурентен афтозен стоматитис. Воедно, доколку забележите некои симптоми од горенаведените како пример за појава на рак, посетете лекар.