Инфекција на уринарниот тракт е инфекција во кој било дел од уринарниот систем – бубрезите, уретерите, мочниот меур и уретрата. Повеќето инфекции го вклучуваат долниот уринарен тракт – мочниот меур и уретрата.

Најчести причини за инфекција на уринарниот тракт и нивни симптоми

Причини за инфекција на уринарен тракт

Инфекциите на уринарниот тракт обично се јавуваат кога бактериите влегуваат во уринарниот тракт преку уретрата и почнуваат да се размножуваат во мочниот меур. Инфекциите на уринарниот тракт не секогаш предизвикуваат знаци и симптоми, но кога се појавуваат може да вклучуваат:

  • Силен, упорен нагон за мокрење
  • Чувство на печење при мокрење
  • Мокрење на чести, мали количини на урина
  • Урина со заматен изглед
  • Урина која се појавува црвена, светло розева или темно кафеава боја – знак на крв во урината
  • Урина со силен мирис
  • Карлична болка, кај жените – особено во центарот на карлицата и околу областа на срамната коска

Видови инфекции на уринарниот тракт

Секој вид на УТИ може да резултира со поспецифични знаци и симптоми, во зависност од тоа кој дел од вашиот уринарен тракт е заразен.

  • Бубрези (акутен пиелонефритис): Се манифестриа со болки во горниот дел од грбот и странично (крило), висока температура, тресење и треска, гадење, повраќање.
  • Мочен меур (циститис): Се манифестира со карличен притисок, непријатност во долниот дел на стомакот, често, болно мокрење и крв во урина.
  • Уретра (уретритис): Се манифестира со чувство на печење при мокрењето и исецдок.

Како да ја третирате инфекцијата на уринарниот тракт во домашни услови

Домашен лек за инфекција на уринарен тракт

Пијте многу течности, бидејќи токму нивото на хидратација е поврзан со ризикот од инфекција на уринарниот тракт. Зголемете го внесот на витамин Ц, консумирајте незасладен сок од брусница, земете пробиотик како јогурт или кефир и природни додатоци како екстракт од лист од брусница.

Истоврмено, практикувајте ги здравите навики како уринирање веднаш по интимниот однос што го намалува ризикот од појава на инфекција на уринарниот тракт, потоа мокрете веднаш штом ќе почувствувате потреба бидејќи задржувањето на урината подолго може да доведе до акумулирање на бактерии и кога користите тоалетна хартија за бришење, користете ја во насоката од напред кон назад, бидејќи во спротивно, од назад кон напред може да доведе до размножување и проширување на бактериите на уринарниот тракт.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за инфекција на уринарен тракт

Доколку се соочувате со некој или повеќето од горенаведените симптоми на уринарна инфекција, се препорачува да посетите лекар, со цел да го добиете соодветниот третман за овој здравствен проблем.