Нечистотијата, бактериите, габите и другите микроби може да oстанат заробени во папокот и да започнат да се размножуваат. Ова може да предизвика инфекција. Истовремено може да забележите бел, жолт, кафеав или крвав исцедок што излегува од папокот.

Најчести причини за инфекција на папокот и нивни симптоми

Причини за инфекција на папок

  • Бактериска инфекција: Папокот на просечниот човек е дом на речиси 70 различни видови на бактерии. Ако не се чисти редовно, може да се појави бактериска инфекција. Се манифестра со жолт или зелен исцедок со непријатен мирис, оток и болка околу папокот.
  • Кандидијаза: Габична инфекција, која покрај на препоните и под рацете, може да се појави и кај папокот. Се манифестира со црвен осип и бел густ исцедок.
  • Дијабетес: Луѓето кои страдаат од дијабетес се посклони кон добивање габични инфекции, што може да се манифестира со инфекција на папокот.
  • Операција: Ако од неодамна сте имале операција на абдоменот, може да забележите гној од папокот што означува појава на инфекција.
  • Урахална циста: На уракусот може да се формира израсток исполнет со течност, наречен циста. Цистата може да се зарази. Оваа инфекција се манифестира  заматена или крвава течност што тече од папокот, стомачна болка, треска, грутка во стомакот и болка при мокрење.
  • Лојната циста: Се формира од лојните жлезди. Се манифестира со мозолче како црна точка во нејзиниот центар, густ, жолт исцедок со неоријатен мирис и цистата може да биде црвена и отечена.

Како да ја третирате инфекција на папокот во домашни услови

Домашен лек за инфекција на папок

Потопете памук во мешавина од антимикробен сапун за раце и топла вода и нежно измијте го стомакот со истата. Обидете се постојано да ја одржувате областа чиста и сува. Избегнувајте носење тесна облека затоа што може да ја иритира заразената област. Ако овие методи не се ефикасни, најдобро е да посетите лекар.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за инфекција на папок

Посетете лекар доколку забележите исцедок од вашиот папок. Тоа може да биде знак на инфекција, особено ако неодамна сте имале операција. Други симптоми на инфекцијата вклучуваат: Треска, црвенило и болка при мокрењето.