Дебелеењето и прекумерната тежина се најчесто застапените и присутни проблеми во денешницата. Основните причини за оваа состојба се неактивниот живот и нездравиот начин на исхрана.

Воедно, за жал не секој може да ослабне брзо и лесно. На некои луѓе им е потребно значително повеќе труд да се ослободат од вишокот килограми.

За таа цел, за денес ви откриваме еден неверојатен рецепт, кој се смета за еден од најуспешните за забрзување на метаболизамот и отстранување на вишокот телесна тежина.

Рецептот се заснова на лековитите својства на лимонот, кој содржи моќни витамини и има алкален ефект врз телото.

За оние кои не знаат, лимонот најефикасно го прочистува телото, како ниту едно друго природно средство. Покрај тоа, го обновува и го забрзува метаболизамот. Воедно, голема предност на лимонот е тоа што неговата консумација нема да ви даде непосакувани ефекти, а лекувањето со истото е истовремено и евтино.

Да продолжиме кон рецептот!

Потребни состојки

  • 2 лимона
  • 5 чешниња лук
  • 1 свеж корен од ѓумбир
  • 1 литар минерална вода

Начин на подготовка

  • Исечете ги лимоните на половина и со нивно цедење, направете сок.
  • Сомелете ги белите чешниња лук заедно со свежиот корен од ѓумбир.
  • Наполнете сад со вода и поставете ја кората од лимоните во истата (која претходно ќе ви остане, по цедењето на овошјето). Ставете ја водата да се вари.
  • Потоа во садот со вода, додадете го и лукот заедно со ѓумбирот, покријте го садот со капак и исклучете го огнот.
  • Оставете ја сместа така да се вари дополнителни 20 минути.
  • На крај, прецедете ја смесата и додадете го сокот од лимон и добро измешајте.
  • Смесата пренесете ја во стаклен сад со капак.

Се препорачува овој напиток да се пие во количество од 150-200 мл секое утро, додека не го постигнете посакуваниот резултат. По желба, во напитокот може да додадете и малку мед и свежно нане.

Консумирајте го напитокот во период од 10-14 дена, а потоа направете пауза 10 дена. Откако ќе изминат тие 10 дена, доколку сметате дека ви е потребно, повторно започнете со консумирање.

Доколку страдате од хипертензија, се препорачува ѓумбирот да го изоставите од рецептот.

Истовремено, доколку сметате дека напитокот е прекисел за ваш вкус, додадете повеќе вода во истиот.