Раскошниот магдонос уште одамна се користи не само при готвењето, туку и во козметичката индустрија. Ароматичните зелени листови содржат големи количества на етерични масла, микроелементи и витамини, неопходни за кожата.

Дури и штета би било да не го искористиме целосниот чудесен и лековит потенцијал на ова зелено растение.

На база на магдонос може да приготвите одличен домашен лосион, а ние го имаме задоволството да ви предложиме неколку рецепти кои ќе ви помогнат брзо и ефикасно да се ослободите од здодевните акни, рецепти кои ќе ја прочистат и обновата вашата кожа, ќе ја потхранат и хидратираат на правилен начин и дури ќе ги отстраните малите непријатни брчки и темни кругови под очите.

1. Лосион за масна и комбинирана кожа

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сомелени корени, стебла и листови од магдонос
  • Половина чаша пречистена вода
  • Половина чаша суво бело вино

Начин на подготовка

Полејте го магдоносот со вода и поставете ја смесата на средна температура. Варете 15 минути, а потоа отстранете ја истата од оганот, покријте ја и оставете го растворот да отстои 2 часа. Следно прецедете ја смесата и додадете го белото вино.

Употребата на овој ефикасен домашен лосион се препорачува за користење при состобја на акни и прекумерно мастење на кожата.

2. Лосион за сува и чувствителна кожа

Потребни состојки

  • 1 супена лажица магдонос
  • 1 супена лажица мента
  • 1 супена лажица камилица
  • 1 супена лажица лист од роза
  • 1 супена лажица сомелени листови од алое вера
  • 1 чаша пречистена вода

Начин на подготовка

Можете да користите сув или свеж магдонос и истиот измешајте го со останатите сушени билки. Полејте ги состојките со врела вода и оставете ја смесата да отстои 1 час, а потоа прецедете ја истата.

Во лосионот може да додадете и сок од краставица, боровника или јаболко. Домашниот ефикасен лосион ја ублажува надразнетата кожа, ја навлажнува и ги затегнува капиларите.

3. Избелувачки лосион

Потребни состојки

  • 1 чаша пречистена вода
  • Половина чаша исечен магдонос
  • 2 кафени лажици јаболков оцет
  • 3 капки масло од јојоба
  • 3 капки етерично масло од лимон

Начин на подготовка

Полејте го магдоносот со вода, а потоа поставете го истиот да се вари 10 минути. По варењето, оставете ја добиената смеса да се излади и потоа прецедете ја истата. Во растворот се додаваат оцетот и маслата од јојоба и лимон.

Пред да го исчистите лицето со овие домашни лосиони, направете едноставен тест за алергиска реакција. Нанесете малку од лосионот на дланка, а потоа обратете внимание дали кожата лошо реагира.

Редовната употреба на магдоносот за кожата, не само што ќе ја заштити истата од гореспоменатите проблеми, туку и истовремено неверојатно ќе ја подмлади.