Понекогаш на најдобриот начин да ја прифатиш вистината, е да ја откриеш на цел глас. Оваа жена токму го направи тоа и ја сподели својата најголема тајна.

Во продолжение прочитајте ја емотивната исповед на едно осамено срце, исповед која предизвикува измешани реакции, а воедно и приказна која е секојдневие на многу луѓе во светот.

„Имам 33 години и никој никогаш ме нема бакнато. Единствениот човек кој ме држеше за рака, едноставно ја убиваше досадата со мене, сè додека не си пронајде некоја друга девојка.

Единствената врска која ја имав, беше онлајн врска, а единиствениот со кого некогаш излегов, само ме има прегрнато и ништо повеќе. Од време на време пронаоѓав потенцијални партнери, но тие брзо го губеа својот интерес кон мене.

Често се чувствувам како единствената жена на планетата Земја, која нема момче, нема партнер и единствената кој не е привлечна за никој. Срам ми е.

Додека бев на факултет, ниту едно момче никогаш не ме покани на кафе. Кога завршивме, повеќето пријателки стапија во брак, додека другите веќе имаа долги врски.

Некои ме советуваа дека не сум ги забележувала мажите, кои се обидувале да ми се приближат.

Тоа можеби најмногу ме боли: Останатите не ми веруваат на зборовите.“