На прв впечаток изгледа како некоја мила старица или пак, некоја глумица што се спрема за нова улога од таков вид. Но, не е ниту едното, ниту другото. Во продолжение прочитајте за што станува збор.

Запознајте ја Тифани Ведекинд од Колумбус, Охајо. На 20-годишна возраст лекарите и соопштиле шокирачка дијагноза- ќе старее 8 пати побрзо од нормалнот човек, што значи за многу кратко време, ќе стане старица, дури и пред сопствената баба.

Нејзината состојба се должи на една многу ретка болест, од која страдаат вкупно 156 луѓе во целиот свет. Вообичаено се открива уште од најрана возраст, меѓу 2-3 години, а истите умираат пред да наполнат 12 години. Овој синдром е познат како Хатчинсон- Глифорд синдром или според филмот за лик со оваа болест, синдром на Бенџамин Батон.

Тифани поради болеста, уште наречена прогерија, се соочува со распаѓање на забите, висока е 134 цм, а тежи неверојатни 26 килограми.

Но и покрај тоа, таа денес е една среќна и исполнета личност, и покрај нејзината неообичаена болест и притоа успеала да ги победи лошите прогнози дека нема да живее долго и наместо предвидените 12 или 20 години, таа денес е 40 години.