Илустраторката Џан Нагуен решила да ја сподели трагичната приказна на една девојка, која се надевала дека со саканиот ќе стапи во брак, но животот засекогаш им ги променил плановите. Таа вели: „Сѐ што сакам да кажам е дека треба да сакаш додека можеш бидејќи не можеш да ја знаеш иднината.“

Денес требаше да биде најдобриот ден од мојот живот. Денес требаше да биде денот кога ќе се омажам со мојот најдобар пријател.

Јас требаше да се разбудам, да ја облечам мојата венчаница и да одам по патеката до човекот од моите соништа.

Денес, пред сите наши семејства и пријатели, Ренди и јас требаше да ја изразиме нашата љубов еден кон друг, и да ги дадеме нашите завети кои ќе бидат свети за нашите срца.

Денес требаше да биде денот за кој сонував уште кога бев девојче. Денес требаше да станам жена. Денес требаше да станам г-ѓа Цимерман.

… но денес се разбудив сама како што правам секој ден. Денес се разбудив повторно со скршено срце.

Денес татко ми нема да ме однесе до олтарот.

Денес нема да го видам изгледот на лицето на Ренди на крајот од патеката кога ќе ја види мојата венчаница, фустанот кој го криев од него до последен момент.

Денес нема да ги видам сите наши пријатели и семејства. Денес нема да се омажам за љубовта на мојот живот. Денес нема да имам сопруг …

… и тоа е затоа што еден човек направил избор кој засекогаш го промени мојот живот, избор да не застане на знакот СТОП, да не застане кога го видел мојот свршеник како доаѓа кон него на својот мотор, туку наместо тоа се обидел набрзина да ја премине улицата.

„Во друг живот ќе те натерам да останеш, за да не морам да кажам дека беше оној кој ми избега.“