Илон Маск признава дека „еден куп луѓе најверојатно ќе умрат“ за време на првичните патувања на SpaceX на Марс, но инсистира дека тоа ќе биде „авантура и неверојатно искуство“.

Основачот на SpaceX разговараше со Питер Дијамандис, основач на Фондацијата X Прајс, кога даде предуредување за можни немили настани.

Маск веќе изјави дека се надева дека ќе „донесе луѓе на Марс“ до 2026 година, седум години пред НАСА да има намера да слета астронаути на Црвената планета.

Но Маск предупреди: „Одењето на Марс е како огласот за „Шеклтон кој оди на Антарктикот“. Знаете дека е опасно, непријатно и  долго патување“.

„Можеби нема да се вратиш жив, но тоа е авантура и ќе биде неверојатно искуство“.

„Да, искрено еден куп луѓе веројатно ќе умрат. Тешко е да се оди таму“.

SpaceX го врати вселенското летање во Америка во Мај минатата година со лансирање на астронаутите на НАСА од вселенскиот центар Кенеди во Флорида до Меѓународната вселенска станица (ISS), настан што не се случил скоро една деценија.

Во Февруари Маск  изјави дека неговата цел е да воспостави самоодржлива марсовска цивилизација.

НАСА планира да ги „пресели“ првите луѓе на Марс до 2033 година, како дел од својата програма „Артемида“.

„За прв пат во историјата на Земјата стара четири и пол милијарди години е можно животот да стане мулти-планетарен“- рече тој.

„Ние сме обврзани да се осигураме дека суштествата на Земјата ќе продолжат да живеат, дури и ако се случи катастрофа, без разлика дали е вештачка или природна.“