Според љубовните експерти, покрај бројните други фактори, иднината на една романтична врска зависи и од месецот кога истата е започната. Во продолжение пронајдете го вашиот месец и прочитајте што ве очекува.

1. Јануари

Јануари не е многу поволен период за започнување на врска, ниту пак за склучување на брак, тврдат експертите, освен со исклучок доколку партнерите претходно се познавале многу долго. Тогаш веќе ќе стане стабилен сојуз.

2. Февруари

Вториот месец од годината се смета за еден од најидеалните за започнување на врска. Независно дали партнерите се слични или со различен карактер, врските започнати во Февруари се многу стабилни, долготрајни и среќни.

3. Март

Март ветува неизбежна разделба и врска исполнета со многу несогласувања. Шанси за успех имаат само паровите кои се подготвени да направат многу компромиси.

4. Април

Април се смета за еден од најлошите месеци за започнување на врска. Истата, според експертите, ќе биде многу бурна и со падови. Можеби ниту една секунда партнерите нема да имаат мир, но во ниту еден случај оваа врска нема да биде здодевна.

5. Мај

Врските започнати во Мај се карактеризираат со многу грижи, многу повеќе финансиски, отколку емоционални. Иако партнерите многу ќе се согласуваат, сепак ќе им недостасуваат пари.

6. Јуни

Јуни е месец на богатството и просперитетот. Доколку врската започнала овој месец, партнерите ќе имаат многу добро влијание еден врз друг, а дури и нивните расправии повеќе ќе бидат квалитетни дискусии од кои многу ќе научат.

7. Јули

Јули исто така е многу пријатен месец за започнување на романтично обврзување и партнерите ќе имаат многу позитивни спомени од нивната врска.

8. Август

Врските и браковите започнати во овој месец се неверојатни стабилни и трајно, бидејќи се засноваат на искрено пријателство. Овој месец означува доверба и хармонија.

9. Септември

Септември ветува хармонични и перспективни романтични врски, и на финансиски и на емоционален план меѓу партнерите.

10. Октомври

Октомври означува напнат брак и семејни односи, како и врски исполнети со многу сомнежи, недоразбирања и разочарувања.

11. Ноември

Многу успешна врска, поткрепена со финансиски успеси, а партнерите покрај во љубов, ќе уживаат и во луксуз.

12. Декември

Погоден месец за склучување брак и започнување на врски со многу нежности, грижа, љубов, романтика и доверба на највисоко ниво меѓу партнерите.