Махарбек Хадарцев се смета за еднен од најпопуларните личности во Северна Осетија, од каде потекнува. Тој има многу титули: Повеќекратен светски и европски и двократен олимписки шампион за борење во слободен стил.

Определен период, тој бил и управник на севернокавкаската репулбика Владивосток, каде по само неколку години работа, тој успеа да ја стекне довербата на граѓаните.

Покрај неговите високи достигнувања во спортот, политиката и бизнисот, Махарбек има и големо хармонично семејство со 10 деца, од кои 6 се момчиња, а 4 се девојчиња.

Најинтересното од сè е тоа што неговата сопруга Викторија Јатиева, која ги родила сите 10 деца, успева да ја одржи нејзината витка линија и да го запази младешкиот изглед и убавина. Викторија гордо ја носи титулата на мајка-хероина, а тамошните жители ја нарекуваат вистински супермодел.

Самата Викторија открива дека никогаш не би можела ни да претпостави дека ќе биде мајка на 10 деца. Прво биле родена тројката близнаци и родителите планирале да имаат толку деца, но сега се среќни што нивното семејство е побогато за уште 7 деца.

Викторија го споделува и нејзиниот рецепт за убавина. Според неа, најважни се правилната исхрана и спортот, а токму нејзиниот сакан сопруг ја научил како правилно да вежба. Таа вели дека почетокот бил навистина тежок, сакала повеќе да спие, но нејзиниот сопруг не дозволил таа да се опушти премногу, а денес редовното вежбање е нејзин животен стил.

Секое утро, целото семејство оди на трчање, а три пати неделно сите заедно посетуваат теретана. Кога има можност, учествуваат и во маратони.