Сите сакаме да гледаме ликови од стрипови како го спасуваат Светот на големото платно. Но и во во реалноста има многу херои, без разлика дали станува збор за некој што скока од мост за да спаси мало дете или некој што фаќа млада девојка која паѓа од стан на 12 -ти кат.

Минатата година избувна пожар во станбена зграда во Монтеро-Фолт-Јон, Франција, а неодамна снимката од тројца херои повторно го воодушеви интернетот.

Домбаев Џамбулат, Олубаев Асла и Ахмедов Мухсињон без двоумење се искачија на третиот кат од зградата за да му помогнат на стариот човек кој бил заглавен во станот полн со чад и премногу блиску до пламен. Некако, тројцата  успеаја преку балконот да го пренесат старецот во соседниот стан.

 

„Немав време да се плашам, морав да дејствувам“, им рече Асла на новинарите по настанот.

Стариот човек беше спасен од пожарот, но мајка и нејзината тригодишна ќерка го ја изгубија животот тој ден, додека 10 други беа повредени.