Активностите не поранешниот принц Хари и војвотката Меган Маркл не остануваат незабележани од страна на светските медиуми, кои будно го следат секој нивен чекор.

Последната објава на „Вашингтон Пост“ го нарекува „циркус“ откажувањето на парот од нивните кралски должности.

„Бајката заврши, започнува циркусот“ – пишуваат медиумите. Авторот на статијата која привлече огромно внимание е дипломатот Ли Коен, кој смета дека актерката има многу лошо влијание врз принцот. Во текстот тој дури се спомнуваат зборовите на белгискиот крал Леополд Први упатени кон неговата млада сопруга, кралицата Викторија.

„Врските со уметниците се многу опасни, тие никогаш и од ништо не се задоволни. Доколку станеш преблизок со истите, веднаш настануваат бројни проблеми.“ – вели тој.

Ли истакнува дека бајковитиот живот на Хари и Меган заврши и покрај бројните предупредувања и совети што ги добил парот од многу светски личности да останат во кралското семејство.

Но, според дипломатот сето тоа, односно останувањето било невозможно, токму поради самата немилосрдност на војвотката и фактот дека таа едноставно, според бројни експерти, не е соодветна за извршување на службените кралски должности кои доаѓаат со овој брак.

Prince Harry, Duke of Sussex, and Meghan Markle, Duchess of Sussex, present their baby son to the World at Windsor Castle, Windsor, Berkshire, UK, on the 8th May 2019. Picture by Dominic Lipinski/WPA-Pool. 08 May 2019 Pictured: Meghan Markle, Duchess of Sussex, Baby Sussex, Prince Harry, Duke of Sussex. Photo credit: MEGA TheMegaAgency.com +1 888 505 6342

„Војвотката создаде раздор не само меѓу Хари и неговото семејство, но таа ја сруши и секоја смисла на здравиот разум и рационалноста. А ова во ниту еден случај не носи позитивни промени.“ – додава Коен.

Според истиот, кралската бајка и убавиот живот на Хари веќе е срушен и моќта на кралското семејство е ставена под знак прашалник.