Следниот диетален план за исхрана е изработен од истакнати белгиски нутирционисти, а е наменет специјално за жените, кои постојано се борат против здодевниот вишок на килограми.

Изберете го вашиот тип на фигура и прифатете го новиот предизвик! Во продолжение откријте кое мени е идеално за вас со цел побрзо да ослабнете:

1. Венера

Ден 1

  • Појадок: 1 чаша свежо исцеден овошен сок и 200 гр нискомаслена урда
  • Ручек: Лесна зеленчукова салата со зејтин
  • Вечера: Свежи зеленчуци, 30 гр тврдо сирење и 1 чаша јаболков сок

Ден 2

  • Појадок: 1 чаша сок од портокал и сендвич од полнозрнест леб и сирење
  • Ручек: 2 јаболка и салата од краставици и домати
  • Вечера: Шопска салата

Ден 3

  • Појадок: 1 чаша сок од портокал и 200 гр нискомаслена урда
  • Ручек: Салата од туна, зелен кромид и јајца
  • Вечера: Тиквички приготвени заедно со 150 гр телешко

2. Нимфа

Ден 1

  • Појадок: Мусли со суво овошје и нискомаслено кисело млеко
  • Ручек: Печени зеленчуци или приготвени на пареа
  • Вечера: Кафеав ориз и конзервирана пченка

Ден 2

  • Појадок: Мусли со кисело млеко
  • Ручек: Конзервирана пченка со кромид, домати и малку ориз
  • Вечера: Варен ориз со ќофтиња од говедско месо приготвени на скара

Ден 3

  • Појадок: Мусли со свежо овошје и млеко
  • Ручек: Салата од рендани моркови и јаболка, измешани со зејтин и 1-2 парчиња полнозрнест леб
  • Вечера: Леќа и салата од домати

3. Амазонка

Ден 1

  • Појадок: Овошна салата
  • Ручек: Шпагети со зеленчук
  • Вечера: Печено пиле и салата од моркови

Ден 2

  • Појадок: 1 чаша овошен сок и 150 гр нискомаслена урда
  • Ручек: Салата од моркови, јаболка и киви
  • Вечера: Пилешка супа и варен ориз

Ден 3

  • Појадок: 200 гр нискомаслена урда и салата од марула
  • Ручек: Салата од пилешкко филе и грејпфрут
  • Вечера: Шпагети со зеленчуци