Нема сомнение дека купечкиот мајонез е добар, но домашниот сепак е многу посебен. Тој е далеку подобра варијанта од вештачките производи исполнети со адитиви.

Рецептот за домашен и чудесно вкусен мајонез ни го открива Клои Скот-Монкрифи.

Домашен мајонез

Потребни состојки

  • 1 јајце
  • 260 мл сончогледово масло
  • 50 мл маслиново масло
  • Малку сол
  • Неколку капки сок од лимон (по избор)
  • 1 кафена лажица сол
  • Малк лук (по избор)
  • 1 кафена лажица сенф

За почеток

Сите состојки треба да бидат затоплени на собна температура. Скршете го јајцето во длабок сад. Причината за користење на целото јајце, не само жолчката, е што му дава целосно јајце ќе му даде полесна текстура на мајонезот.

Техниката е од суштинско значење

Да измешате рачно или со миксер? Тоа е добро прашање. Може и на двата начини, само што со миксер постапката ќе ја завршите многу побрзо.

Додадете малку сенф и четвртина од чешнето лук во јајцето. Сега смесата е подготвена за да додаде и масло во истата. Трикот се состои во тоа да го додадете маслото многу бавно, (но не запирајте за секунда и држете го миксерот стабилен).

Изберете го вистинското масло за готвење

Што се однесува до изборот на масло за готвење, сите вкусови стануваат посилни во мајонезот, така што чистото екстра девственото маслиново масло може да го направи мајонез со горчелив вкус. Затоа, експертите препорачуваат да додадете сооднос од 75% сончогледово масло и 25% маслиново масло.

Откако смесатаа ќе се згусне, тогаш конечно можете да го придвижите миксерот малку кон нагоре. На крај исцедете малку лимон и додајте ја солта. Вкусете го мајонезот и послужете ги и вашите најблиски.

Што да направите доколку смесата се раздели

Поделбата на состојките во смесата обично се случува кога миксерот се придвижи  премногу далеку или кога мешањето продолжува откако смесата ќе го достигне својот врв.

Но, без грижи, сето тоа може да се поправи. Обидете се да го исцедите сокот од лимон во смесата. Доколку тоа не успее, повторете го процесот. Скршете ново јајце во чист сув сад и бавно, како со маслото, додадете го јајцето во претходната неуспешна смеса, мешајќи полека и постојано, сè додека смесата не се згусне и не биде готва.

Ова се нарекува „5- минутен мајонез“, но по неколку обиди ќе успеете да го приготвите и за помалку од две минути!