Веќе го имаме видено ликот на Владимир Путин на цистерна, на патики, нацртан на графити и слично, но невестата која одбра неговиот лик да го носи на нејзиниот фустан дефинитивно ги победи сите!

Фотографијата која е направена на една руска свадба, ја покажува младата девојка облечена во невестински фустан, која го држи нејзиниот татко за рака, додека пристигнува на сопствената свадба.

Долниот дел од фустанот е детаљот благодарение на кој невестата го добие вниманието од Интернет корисниците и тоа сосема оправдано!