Денешното големо спојување на Јупитер и Сатурн ќе биде многу видливо на запад веднаш по зајдисонцето. Парот ќе биде оддалечен само 0,1 степен во точниот момент на сврзувањето. Некои велат дека ќе изгледаат како издолжена ѕвезда. Дали можеби тие ќе изгледаат како двојна планета? Астрономите од цел свет се подготвуваат за денешниот небесен спектакл, кога Јупитер и Сатурн ќе бидат најблиску еден до друг во последните речиси 400 години.

Poster for Virtual Telescope online Jupiter-Saturn viewing, December 21, 2020.

Што ако е облачно? Како можете да гледате? Проектот Виртуелен телескоп во Рим ќе го прикаже сретнувањето Јупитер-Сатурн денес, со почеток во 16:00 часот UTC. Кликнете тука за да гледате онлајн.

Во далечно минато, вакви позиционирања на планети се сметале за предупредување за големи настани, од пожари и поплави до раѓањето на Исус и конечно пропаѓање на цивилизацијата. Орбиталните патеки на овие две огромни планети гарантираат големо спојување на секои 20 години, но тие често не можат да се видат со голо око зашто се случуваат дење. Ова ќе биде најблиското спојување од 1623 година.

Сатурн е шестата планета по ред според оддалеченост од Сонцето. Тоа е најоддалечената и најбавно движечката планета што можеме лесно да ја видиме само со голо око. Заслепувачкиот Јупитер, петтата планета по ред според оддалеченост од Сонцето, е втората најбавно светла планета, по Сатурн.

Патот кој го поминува Сатурн пред целосно го обиколи сонцето трае 30 години, додека на Јупитер му се потребни скоро 12 години. Така, на секои 20 години, Јупитер стигнува до Сатурн, гледано перспектива на  Земјата.

image of saturn and jupiter on a starry background

Што може да очекуваме?

Јупитер е дарежлив водач кој се поврзува со здравје, богатство и добро поминато време, додека Сатурн се залага за строга одговорност и поставување граници. Кога треба да соработуваат, можете да очекувате борби за моќ над најдобриот начин за „владеење“. На макро ниво, веројатно ќе дојде до културен момент кога работите ќе се променат неповратно, без разлика дали сме подготвени или не. Политиката се свртува кон прогресивните и далеку од калцифицираните идеи што ја надживеаја нивната корисност.

Големото спојување претставува време за ослободување на старите навики, време за нов начин на правење работи. Ако не сте отворени за промена, може да се чувствува непријатно. Но, ако сте, можете да постигнете неверојатен напредок кон соништата што ги држевте потиснати долго време. Експанзивната природа на Јупитер и структурата на Сатурн се здружуваат за да ви помогнат да постигнете нешто што порано се го  чувствувале како тежок дострел, но сега е целосно во ваша моќ.

Ако сте земјен знак (Бик, Девица или Јарец)

Подгответе се за вашата кариера да направите огромен скок напред. Без разлика дали е од покачување, нова позиција или многу нова добара репутација, Големиото спојување веројатно ќе го подигне вашиот професионален морал на уште поголемо ниво.

Ако сте воздушен знак (Близнаци, Вага или Водолија)

Конечно ќе се забавувате. Благодарение на големото спојување, сфаќате дека давање приоритет на вашето задоволство може да има сериозни придобивки. Нов изглед, креативен проект или патување може да доведат до многу потребна интроспекција.

Ако сте огнен знак (Овен, Лав или Стрелец)

Вашите врски ќе се променат на подобро. Ако сте се чувствувале осамено, големото спојување ви помага да  пронајдете духовно задоволство во форма на нов социјален круг, ментор или љубовна врска. Некои луѓе влегуваат во вашиот живот да ве научат нешто и ова е едно од тие времиња. Бидете отворени за учење од луѓето на кои им се восхитувате и не срамете се да побарате помош од нив.

Ако сте воден знак (Рак, Шкорпија или Риби)

Подгответе се да искусите заздравување одвнатре па нанадвор. По големото спојување повторно ќе преговарате за она што го споделувате со другите наспроти она што го чувате за себе. По овој процес вашето срце ќе се чувствува поцелосно отколку што се чувствувало подолго време. Може да се преселите на ново место ваше ново светилиште, да најдете љбовник со кого ќе бидете ранливи или дури и да започнете духовна пракса.