Придобивките од лимонот се бројни, бидејќи истиот чудесно делува за здравјето на организамот, но за денес ви откриваме на кои начини може да го искористите веќе исцедениот лимон.

Следните трикови со истиот значително ќе го олеснат вашето секојдневие, а притоа нема да мора да го жртвувате вашиот домашен буџет.

1. Универзално чистење

За оваа цел, исечете 5 лимона, врз истите нанесете оцетна киселина и оставете ги да отстојат 2 недели. По изминатиот потребен временски период, добиената течност од исушениот лимон се прецедува во сад, кој функционира на прскалка и така спрејот се користи за беспрекорно чистење на прозорците и останатите површини во домот.

2. Детергент за чистење на даските за сечење

За да се ослободите од непријатниот мирис и ситните дамки и остатоци на даските за сечење, најпрво нанесете врз даската трпезна сол, а потоа со триење, поминете преку нејзината површина, употребувајќи ја кората од половина исцеден лимон. Триењето изведете го забрзано, а даската потоа ќе го добие нејзиниот стар сјај.

3. За чистење на микробрановата печка

Поставете половина од исцедениот лимон во вашата микробранова печка да отстои 20 секунди, а потоа со исцеденото цитрусно овошје поминете преку целата внатрешна површина на уредот. На крај, пребришајте ја микробрановата печка со влажна крпа.

4. Празнична декорација

Исцедениот лимон се сече на тенки кругови и се поставува на хартија за печење, при што се суши во рерната во времетраење од 4 часа, на температура од 90°C. Крајните резултати се уникатни празнични декорации, совршени за Божиќниот период.

5. Мелен лимонов пипер

Овој чудесен зачин може лесно да го приготвите дома уште денес. За таа цел, потребно е да ги сомелете во прав сушените и исцедени лимони, а потоа добиениот прав да го измешате со мелен црн пипер. Зачинот може да го додадете во било кои јадења и салати по ваша желба.

6. Освежувач на корпата за отпадоци

Мирисот на корпата за отпадоци може да биде навистина непријатен, а за да се ослободите од истиот т.е ја спречите неговата појава, поставете половина лимон на дното на корпата. Цитрусното овошје делува како ефикасен природен дезодоранс, а истовремено потребно е лимонот да го менувате секоја недела.

7. За отстранување на дамки

За да се ослободите од здодевните дамки под пазувите или масните дамки од храната, ќе ви помогне токму лимонот. Со половина исцеден лимон и кружни движења, поминете преку површината каде што се наоѓа дамката, а потоа оставете ја облеката да отстои преку ноќта. Следното утро исперете ја облеката на вообичаениот начин.

8. Против инсекти

Инсектите не ги сакаат силните мириси, особено не цитрусните. Доколку не ги претпочитате купечките хемиски производи, пригответе си природна домашна смеса против штетниците. Едноставно насечете го лимонот на половина, поставете исушено каранфилче во истиот и така поставете го близу до прозорците. Тоа ќе ги спречи здодевните муви и комарц да не навлегуваат во вашиот дом.

9. Ефикасен конзерванс

Бројни овошја и зеленчуци имаат тенденција да потемнеат за кратко откако ќе бидат пресечени. За да го спречите овој процес, употребете лимон, односно премачакајте ги истите со половина лимон, кој делува како ефикасен природен конзерванс.

10. Природен антиперспирант

Можеби ќе ви звучи чудно, но сокот од лимон врши одлична функција како природен антиперспирант. Откако ќе го исечете лимонот на половина, нанесете од истиот врз вашата кожа под пазувите. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од несаканите бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис на кожата. Како дополнителен ефект, лимонот има својство и за избелување на кожата.