Арапот Омар Ал-Гала, кој се смета за најубавиот маж и беше прогонет од својата родна земја токму поради неговата убавина, сега живее и ужива во спокоен живот во Канада, заедно со неговата сопруга и нивната ќерка.

Омар, покрај тоа што е модел, исто така е и поет и фотограф, а е роден во Ирак. Тој со неговата неверојатна убавина успеа да го освои срцето на милион дами ширум светот, кои едноставно се воодушевени од него, а некои одат до тој степен, што на убавиот Арап му подаруваат скапи подароци како автомобили и накит, па дури и куќи.

Но, и покрај милионите обожавателки, срцето на поетот успеала да го освои само една жена, а тоа е дизајнерката Јасмин Овеида, која подеднакво зрачи со неверојатна убавина.

Погледнете ги во продолжение прекрасните мајка и ќерка: