Можеби некои од вас се сеќаваат на прекрасното девојче Ајра Браун, кое на светот му беше познато по прекарот малата Барбика. Ајра ја започна нејзината моделска кариера на само 2 години.

Во Америка тоа е сосема вообичаена возраст за вакви работи, а родителите на Ајра уште веднаш забележале дека девојчето има неверојатно убав надворешен изглед, па затоа одлучиле да не губат време и веднаш да испратат нејзините фотографии до разни модни агенции.

Откако модните агенти ги разгледале фотографиите на Ајра, веднаш ја виделе златната можност девојчето да стане вистинска мала Барбика, а уште по првите соработки, Ајра стана светска сензација.

Но, со текот на годините, како Ајра растеше, така се менуваше нејзиниот надворешен изглед и притоа модните агенции го изгубија интересот да соработуваат со истата.

Денес Ајра има 11 години и изгледа како сосема вообичаено дете на таа возраст.