Кога времето надвор ќе застуди и ќе настапи есенскиот и зимски период, започнуваме почесто да ја посетуваме аптеката, барајќи некакво средство за зајакнување на нашиот имунитет.

За таа цел, денес ви претставуваме еден докажен домашен рецепт, кој уште многу одамна, светот го користел за заштита од разните вируси. Природното средство значително ќе го зајакне вашиот имунитет и вашето здравје./

Златно чудо за челичен имунитет

Потребни состојки

  • 100 гр свежо алое вера, кое е потребно е претходно да се исчисти и сомеле
  • 200 гр мед
  • 1 супена лажица куркума
  • Прстофат мелен црн пипер
  • Сок од 1 лимон
  • 30 гр ѓумбир
  • Изрендан лук

Начин на подготовка

Алоето се прочистува и се сомелува, а потоа кон истото се додаваат сите останати состојки. Се промешува добро, а добиената смеса се складира во стаклена тегла и се поставува во ладилник.

Се препорачува да се консумираат по 3 лажици дневно, пред секој оброк.