Мирисот на чистата и свежо исперена облека е можеби омилената арома на повеќето од нас. Едноставно се чувствуваме пријатно додека се радуваме на свежината на нашата омилена блуза.

Токму поради таа цел, речиси секој секогаш се труди да обрати посебно внимание кога станува збор за избор на омекнувач за алишта, кој ќе ја направи нашата облека мека и притоа истата ќе мириса прекрасно со денови.

Потребно е да знаете дека некои омекнувачи содржат долга листа на токсини и хемикалии, кои можат да навлезат во телото преку кожата или вдишувањето и да предизвикаат низ здравствени проблеми.

Опасните омекнувачи се особено штетни за малите деца и бебињата, кои се особено чувствителни на штетните материи.

Кои се хемикалиите кои се најзастапени во некои омекнувачи на пазарот

1. Алфа Терпениол

Алфа терпениолот претставува отровна хемикалија, која може да предизвика редица здравствени проблеми како зашеметеност, главоболка, чувство на глад, загуба на меморијата, вкочанетост на лицето, вратот и да се појават општи болки при главата.

2. Бензил Ацетат

Бројни истражувања ја покажуваат директната врска меѓу бензил ацетатот и појавата на рак на панкреасот. Овој вид на хемикалија може да предизвика дразнење на очите и проблеми со дишењето, а истиот може да се апсорбира само преку негово впивање преку кожата.

3. Бензил Алкохол

Бензил алкохолот предизвикува оштетување на централниот нервен систем при што доведува до појава на главоболки, чувство на гадење, повраќање и драстична промена во крвниот притисок.

4. Хлороформ

Хлороформот се смета за канцероген невротоксин, кој може да доведе до загуба на сознание, гадење, главоболка, повраќање, зашеметеност и чувство на поспаност.

5. Линанол

Уште една опасна состојка која влегува во составот на одредени омекнувачи, а предизвика респираторни проблеми, а дури може да доведе и до нарушување на мускулната координација.