Полнети јаболка или јаболков десерт? Веќе нема потреба да избирате, бидејќи следниот рецепт е фантастична комбинација од овие две варијанти. Печени, меки јаболка, а околку нив неодоливо тесто!

Десерт со полнети јаболка

Потребни состојки

  • 9 јаболка (или колку што ќе се соберат во сад со дијаметар 26 цм)
  • 50 гр брусница
  • 30 гр суво грозје
  • 6 јајца
  • 225 гр шеќер
  • 225 гр брашно
  • Прстофат сол
  • Цимет по ваш вкус
  • Ванилин шеќер
  • 5 супени лажици павлака (со 20% масленост)

Начин на подготовка

Покријте го дното и страните на садот со хартија за печење. Истиот е потребно да има дијаметар 26 цм.

Изберете јаболка со средна големина, излупете ја, извадете им ја срцевината и исечете го малку дното, за да јаболката може да стојат исправени. Во шеќерот додадете 2 супени лажици цимет, измешајте и испете по 1 кафена лажица од добиената смеса во секоја од јаболката.

Следно, во секое јаболко додадете по 3-4 брусници и 2-3 суви грозја.

Јаболката се готови.

За сад со големина од 26 цм, ќе ви бидат потребни 6 јајца. Добро изматете ги и потоа без да го исклучувате миксерот, додадете го шеќерот и ванилата. Во добиената смеса, наеднаш додадете го целото брашно и павлаката и добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање мазна текстура.

Залејте ги јаболката во садот, со готовото тесто, порамнете и поставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180°C, во времетраење од 40-45 минути. Печете на 160°C.

Пред сервирање, декорирајте го колачот со нанесување на шеќер во прав измешан со ванила.

Пријатен апетит!