Неверојатно белите крпи секогаш се најдобриот и најсвеж декоративен елемент во домот, а со овој трик, кој е постар од самите нас, нивното перење до беспрекорен изглед веќе нема да ви претставува проблем!

Како најефикасно да ги избелите крпите

Ќе ви биде потребно

  • Кофа со вода
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • 2 супени лажици белило во прав
  • Половина чаша од било каков прашок за перење алишта
  • Суви валкани крпи

Што е потребно да направите

  1. Сварете ја водата во кофата.
  2. Во топлата вода додадете го маслото, белилото и прашокот за алишта.
  3. Добро измешајте ги сите состојки, а следно во добиениот раствор поставете ги и валканите масни крпи.
  4. Кога водата ќе се излади, може да ги извадите крпите и да ги исплакнете, а од здодевните тврдокрони дамки нема да постои ниту траг!