Во 2016-та година, војвотката од Кембриџ навистина успеа да ја изненади кралицата Елизабета, како и своите кралски фанови.

Сопругата на принцот Вилијам се појави на церемонијата по повод наградувањето на најдобрите британски фотографи, облечена во светло сина креација од дизајнерката Џени Пекам.

Но, дизајнот воопшто не наишол на одобрување кај кралицата, поради разголените нозе на Кејт, а извори блиски на кралското семејство откриваат дека токму поради оваа причина, војвотката имала непријатен разговор со Елизабета.

По овој инцидент, на следното јавно појавување, Кејт беше забележана во исто светло син фустан, но овој пат, фустан со дизајн кој не го прекршува кралскиот кодекс на облекување.