Косата бара огромна нега и грижа, но некои дами ќе се согласат дека понекогаш се чини како ниту еден третман да не помага и притоа косата расте премногу бавно.

Иако постојат многу готови производи, сепак најдоброто решение за овој проблем е природното, а истото уште денес може да го приготвите дома. Благодарение на овој домашен третман, вашата коса ќе започне да расте побрзо и притоа ќе го добиете посакуваниот волумен и беспрекорен изглед.

Потребни состојки

  • 3 супени лажици цимет
  • 6 супени лажици мед
  • 3 супени лажици масло за готвење

Начин на подготовка

Додадете го маслото за готвење во сад со малку вода и поставете го да се затопли, а потоа додадете ги и преостанатите состојки. Додека е сè уште топла, смесата се нанесува на врвот на косата и се остава да отстои 1 час.

Следно измијте ја вашата коса со топла вода. Се препорачува третманот да го практикувате до 3 пати неделно.