Првата дама на Франција, Брижит Макрон не беше премногу добро прифатена од населението на самиот почеток, но постепено таа заедно со нејзиниот префинет моден вкус и стил, ги освои сите.

Во Април, оваа година, првата дама наполни 67 години, а притоа сите се едногласни дека на таа возраст, Брижит изгледа едноставно неверојатно! Поранешната професорка може да се пофали дека нема апсолутно никаков проблем со вишокот килограми и општо со тежината, при што не се двоуми да облекува кратки модни парчиња, кои совршено стојат на нејзината фигура.

Диетата на Брижит Макрон

Иако таа секогаш е во чекор со модата, првата дама е всушност старомодна кога станува збор за исхраната. Таа не приврзаник на ниту една од популарните диети кои ги следат светските ѕвезди.

Нејзиното секојдневно мени се состои од 10 сезонски овошја и зеленчуци и во ниту еден случај не консумира брза храна. Според истакнатиот нутриционист, Френки Филипс, методот кој го следи Брижит е многу правилен и е еден од најздравите начини за одржување на здравјето и младиот изглед.

Филипс смета дека со ваквиот режим на исхрана луѓето покрај тоа што имаат одлична фигура, воедно значително го намалуваат ризикот од срцеви болести.

Овошјето и зеленчуците не се само богат извор на хранливи материи, туку се неопходни токму за повозрасните дами, бидејќи даваат моќен помдладувачки ефект. Еве кои се тие, кои Брижит редовно ги консумира:

  • Спанаќ – Богат со лутеин и зеаксантин, кои ја спречуваат појавата на катаракта и ја одржуваат мрежницата во одлична форма.
  • Црвен пипер – Содржи големо количество на витамин Ц и каротин, кои важат за моќни антиоксиданти. Го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат стареењето на кожата и појавата на брчки.
  • Јаболко – Едно од најпопуларните овошја против стареење, кое содржи високо количество на пектин, кој ги отстранува токсините од организамот и ја одржува еластичноста на кожата.
  • Авокадо – Неверојатно богато со витамин Е, кој важи за моќен антиоксидант. Нутриционистите најмногу го препорачуваат доколку имате сува и надразнета кожа.
  • Брокула – Таа е богата со кверцетин, познат антиоксидант со антивоспалителни својства. Воедно се смета за одлично превентивно средство против артритис.