Во Скандинавија методот, односно контактот кожа со кожа најчесто се користи како алтернатива за инкубација на прерано родените деца. Се смета дека човечкиот контакт им помага да закрепнат многу побрзо.

Оваа фотографија, направена во болница во Копенхаген, која за кратко време беше прегледана од милиони луѓе ширум светот, е особено срцезатоплувачка, бидејќи на истата се гледа како момчето му помага на својот татко да го затопли едно од новороденчињата, токму преку овој метод, кој истовремено е познат како метод на кенгур.

Со истиот му се дава нежна и мека стимулација на бебето и го поттикнува многу побрзо да се адаптира на надворешниот свет, а постапката на момчето беше оценета како неверојатен гест, со кој допре до срцето на многумина.